Тројца кандидати за наградата „Сахаров“

Проевропското украинско движење „EuroMaidan“, гинекологот Денис Муквег и активистката Лејла Јунус, ја победија конкуренцијата од седумте номинирани и станаа финалисти за наградата „Сахаров“ за слобода на мислата – објавија Комисииите за надворешни работи и за развој на Европскиот парламент.

Наградата, во чест на советскиот научник и политички дисидент Андреј Сахаров, годишно ја доделува европскиот законодавен дом веќе 26 години на поединци или организации кои се борат за одбрана на човековите права и слободи, особено правото на слободно изразување.

• Проевропското украинско движење „EuroMaidan“ е предводено од новинарот Мустафа Наем, пејачката и евровизиски победник Руслана Лизичко, активистката Јелисавета Шепетилникова и новинарката Тетјана Чорновол;

• Денис Муквег е гинеколог од Демократска Република Конго, специјализиран за третман на жртвите на силување и основач на болница во Букаву;

• Лејла Јунус од Азербејџан, која моментално е во притвор, е директор на Институтот за мир и демократија, активистка за човекови права и бранење на правата на етничките малцинства во нејзината земја.

Овогодинешниот победник ќе се одлучува заедно со претседателот на Европскиот парламент и лидерите на политичките партии на 16 октомври, а доделувањето на наградата ќе се одржи на 26 ноември во Стразбур.