Синот од некој арапски шеик студирал во Европа. По еден месец им пишува писмо на неговите:
– Европа е многу убава, луѓето се многу љубезни, навистина ми се допаѓа овде. Само, понекогаш, малку ми е непријатно кога одам на факултет со мојот мерцедес, а некој од моите професори излегува од трамвај…
После неколку денови стигнува чек со милион долари и кратка порака:
– Немој да не посрамотиш синко, купи и ти трамвај!