РЦ за ГР “Југ“ во два одвоени случаи на криумчарење мигранти до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против лицата Ѓ.М. (42) од село Петрово и С.П. (40) од од село Волково поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “криумчарење на мигранти“ по член 418-б од КЗ на Република Македонија. И во двата случаи од страна на Судија на претходна постапка на двајцата пријавени им се изречени мерки притвор, за Ѓ.М. во траење од осум дена а за С.П во траење од 30 дена.
Во првиот случај пријавениот Ѓ.М. прифатил и превезувал лица со илегален влез и престој во Р.Македонија, односно илегални мигранти од бензинската пумпа на Макпетрол, на автопатот кај Демир Капија во правец Гевгелија- Скопје до близина кај с.Каласлари-Велес со намера да ги превезе до Куманово.
Тој е сопрен од страна на УПС од ПС за БПСА Демир Капија, пришто во возилото кое го управувал марка “Форд Мондео“ со велески регистарски таблички биле откриени четири лица илегални мигранти сите од Сирија. Во разговор со лицата илегални мигранти константирано е дека истите оствариле илегален влез во Р.Македонија од Р.Грција, и дека биле со намера илегално да ја преминат државната граница од економска природа и преку Р Србија да стигнат до земјите од ЕУ.
Во вториот случај, С.П. завчера прифатил и превезувал лица со илегален влез и престој во Р.Македонија, односно илегални мигранти од с.Удово, во правец Гевгелија- Скопје до тунелите кај Демир Капија, со намера да ги превезе до Скопје.
Од страна на патролен тим од ПС за ГН Михајлово при редовна средба со УПС од ПС за БПСА Демир Капија на автопатот во правец Демир Капија – Скопје, кај тунелите на Демир Капија е запрено ПМВ марка „Ауди А4“ со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од пријавениот, при што се откриени шест лица илегални мигранти од Сирија. Во разговорот со лицата илегални мигранти констатирано е дека истите илегално влегле во Р.Македонија од Р.Грција покрај пругата, во близина на граничниот премин “Богородица“ продолжиле да се движат пеш во близина на пругата. Додека се движели низ шумата ги пресретнало НН лице и им рекло дека може да им организира превоз до Скопје за цена од 250 евра. Тие му ги дале парите и по кратко време лицето го снемало. Кога сакале да продолжат пешки, на патот пред нив застанало ПМВ и им рекло да се качат за Скопје.