Признание за Клаудио Губитози директор на филмскиот фестивал за млади Џифони

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во резиденцијата на амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели присуствуваше на свечен прием по повод поддршката на брендот „Џифони“ во одржувањето на филмскиот фестивал за млади„ Џифони-Македонија“.

На приемот пред членовите на делегацијата од Република Италија и бројните гости, министерката Канческа-Милевска му врачи благодарница на директорот на фестивалот „Џифони“, Клаудио Губитози за неговата голема посветеност во заложбите за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Италија.

Фестивалот „Џифони“ е еден од најреномираните филмски фестивали за млади во светот. Како дел од овој познат бренд во нашата земја, под мотото „Крстопат“, во тек е второто издание на фестивалот „Џифони-Македонија“. Во рамките на фестивалот учествуваат 600 деца на возраст од 10 до 18 години од земјите во регионот, кои преку богатата програма, креативни работилници и дружење ја подигнат свеста за филмот.

01_priem_kaj_ital_ambasador_640