Утревечер, вторник, 14 октомври 2014 година, од 18:00 часот, уште еден настан за забележување, настан од културата и тоа токму во центарот на Охрид, во просториите на Интеракција, на скверот од „Македонски Просветители” и „Булевар Tуристичка”.
Имено, тројца врвни бугарски карикатуристи ќе изложат по десетина или вкупно 40 заеднички карикатури кои би требало да побудат голем интерес кај охридската и македонската публика. Бугарските уметници Алла И Чавдар Георгиеви, Љубомир Михајлов и Чавдар Николов, како и нивните дела ќе ги промовира директорот н Културниот центар на Бугарија во Македонија, господинот Димитар Христов, а неговата поетска книга „Љеб и вино” пред присутните ќе ја промовира охридскиот новинар Владо Тренески, поранешен директор на „Охридско лето”. Изложбата на карикатури ќе биде отворена од 14 до 23 октомври 2014 година!
WebOhrid/ Фото : Дим Дон