Благодарение на бионичко око, 66-годишниот Лари Хестер од Северна Каролина – САД, повторно прогледа после цели 33 години. Тој е воодушевен, истакнувајќи дека е човек кој има навистина голема среќа што може повторно да гледа.
Бионичкото око работи на принципот на безжична технологија, каде сензорот е вграден во окото за да може да регистрира светлосни сигнали кои ги добива од камерата на специјалните очила за вид. Минијатурната видео-камера се поврзува со сензор кој ги заобиколува оштетените фоторецептори и го спроведува сигналот до мозокот.