НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известува сите ученици од Основните училишта од Охрид и околината дека ги избра учениците кои покажаа најдобри резултати на натпреварот „Млади библиотекари“ кој минатата недела се одржа во Библиотеката.
Според комисијата која го организираше натпреварот и ги прегледа резултатите од тестирањето, ученичката Глорија Петреска од 8 одд. од ОУ „Братство и Единство“ од Охрид и ученичката Симона Филкоска од 9 одд. од ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, покажаа најдобар успех од сите учесници, односно освоија максимум 150 бодови.
Годинава за прв пат и двете ученички ќе ја претставуваат општина Охрид на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, кој ќе се одржи во локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес на 31.10.2014 година.
Утре (15-ти октомври) во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид сите ученици и професорите кои учествуваа на овој натпревар, ќе добијат книги и благодарници за учество на натпреварот.