Делегација на Царинската Управа на семинар на високо ниво: Иднината на е-царина во Венеција

На 14 и 15 октомври во Венеција, Италија, се одржува семинар на високо ниво на тема: Иднината на е–Царина, со посебен осврт на имплементацијата на едношалтерскиот систем (Single Window) во Европската Унија, на кој присуствува делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска-Крстевска.

На семинарот присуствуваат преставници на земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати за членство во ЕУ, а присутните ќе дискутираат на теми поврзани со иднината на е – Царина, имплементацијата на едношалтерскиот систем од перспектива на трговците, концепти и термини поврзани со едношалтерскиот систем, како и законската регулатива поврзана со развојот на едношалтерскиот систем во Европската унија.

Целта на семинарот е преку дискусии на темите опфатени во агендата и заклучоците кои ќе бидат усвоени да се унапреди изработката на законската рамка за едношалтерскиот систем, да се подготви основа за измени на Одлуката за e-Царина со цел унапредување на можностите за нејзина имплементација и да се поттикне воспоставувањето на национални едношалтерски системи, што ќе значи придонес кон општите напори на Европската унија за подобрување на услугите поврзани со царинските постапки за економските оператори, но и унапредување на конкурентноста на бизнисот во ЕУ.

venecijaIMG_9299