Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.4%, а кај аутпутот е зголемен за 6.6%.
Во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3.
Во делот аутпут, во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 109.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.6.