Денес сообраќајната полиција организираше практичен час за првачињата од ОУ „Григор Прличев“, на кој ги запозна со правилата на движење на раскрсница, на пешачки премин, како да се движат на пат каде нема тротоар, пешачки премин и со правилата за возење на велосипед.
Учениците со големо внимание го следеа предавањето и практично истото го применија на поставениот полигон.
Овој проект на училиштето и сообраќајната полиција е со цел да се едуцираат најмладите ученици за да се оспособат сами да доаѓаат на училиште и да бидат безбедни во нивното движење во сообраќајот.