Општина Охрид примена во меѓународна асоцијација

Општина Охрид стана редовна членка на Меѓународната Асоцијација поврзана со европските вредности на делото на Св. Кирил и Методиј.

После претходно воспоставената меѓународна соработка со Регионот Злин од Моравија, од 1 Октомври 2014 год. Oпштина Охрид е примена како редовна членка на Меѓународната Асоцијација “European Cultural Route of St.Cyril and Methodius” со седиште во Чешка. Пред тоа претходеше процес на аплицирање и процедура за прием во меѓународниот конзорциум.

Целта на оваа Асоцијација е развој на туризмот, културата, соработката, истражувањето и образованието, подготовка на заеднички европски партнерски проекти, како и развој на културната рута на Св. Кирил и Методи- која ќе опфаќа голем број на земји од Европа и ќе се одвива во етапи.

Ohrid_megjunarodna_asocijacija_4855

На 15 Октомври 2014 во Чешката Република во областа Моравија, се одржа првиот состанок на Генералното Собрание на Асоцијацијата и Меѓународна Конференција на која присутвуваа претставници на региони и организации од Чешка, како и официјални претставници од други европски држави членки (Словачка, Италија и Македонија- Општина Охрид).

Антонио Балески беше претставник на Општина Охрид и учествуваше во работата на Генералното Собрание на Асоцијацијата и Меѓународната Конференција. Од сите присутни беше искажано големото одушевување што Охрид е дел од оваа Асоцијација, со оглед на неговото значење за Европа и за светот со своето културно-историско и природно наследство.

Ohrid_megjunarodna_asocijacija_4853