Учениците од ОУ „Братство Единство“ се обучуваа за противпожарна заштита

Во Основното училиште „ Братство Единство“ , во централната и во зградата во населбата Лескајца, за учениците од трето до петто одделение беше спроведена обука за ракување со противпожарни апарати. Обуката ја спроведуваа припадници на Територијалната противпожарна единица кои во училиштето дојдоа со противпожарно возило и опрема.

Обуката на учениците за противпожарна заштита е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, според која во овој месец вакви обуки ќе се реализираат во сите основни училишта на територијата на општина Охрид. Целта е најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите.

Poseta_skolarci_pozarna_4854