Во Општина Дебарца ,Градоначалникот на општината Игор Трајкоски и Претседателот на Регионалната Занаетчиска комора Охрид Сашо Богоески пристапија кон потпишување М Е М О Р А Н Д У М за меѓусебна соработка и партнерство.
Градоначалникот кој ја преставува општината Дебрца и Регионалната занаетчиска комора – Охрид која ги застапува интересите на занаетчиите се согласни во духот на взаемност и разбирање , заедно да придонесат за успешна реализација на проектите и програмите за работа , кои се во интерес на општината и занаетчиите .
Во таа насока општината ќе настојува преку разни форми на поддршка и конкретна помош да придонесе за остварување на целите што ги содржат програмите и проектите водени од РЗК – Охрид. На овој начин, градоначалникот и локалната самоуправа даваат целосна поддршка на активностите што ќе ги реализира РЗК – Охрид .
Регионалната занаетчиска комора – Охрид како носител на програма за развој на занаетчиството во општина Дебрца , како невладина и не партиска организација која ги застапува интересите на занаетчиите – ќе се грижи за занаетчиите , нивното достоинство и достоинството на комората пред јавниот сектор и општите демократски определби за иднината на општина Дебрца.