Издадeни 2.393 потврди на мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 08.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.393 странски државјани, од кои 899 од машки и 547 од женски пол, како и на 932 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 15 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.055 државјани на Сирија, потоа на 802 државјани на Авганистан и на 536 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 08.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 70.418 странски државјани, од кои 28.560 се од машки пол, 15.233 се од женски и 26.483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-34.238, Авганистан-22.097 и Ирак-14.080.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 08.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 08.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.02.2016 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои 12 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.