Кинескиот производител на лекови „Сихуан“ испрати експериментален лек против ебола во Африка. Тие планираат таму да ги спроведат клиничките тестирања за борба против оваа смртоносна болест.
Епидемијата на ебола во Западна Африка досега усмрти над 4000 лица.
Кина испрати стотина хуманитарни работници во Африка за да помогнат во борбата против епидемијата на ебола, како и повеќе од 35 милиони долари во вид на медицинска помош во најпогодените земји.
Лекот JK-05 не е употребен на луѓе, иако бил ефикасен кај животните во текот на неговото тестирање.
Евентуален успех на овој експериментален лек против ебола би значел многу и би спасил голем број на заболени од оваа болест.