Учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“.
„Беше исчистен школскиот двор, донесен отпад од технички средства и беше одржано едукативно предавање за учениците, за здрава и чиста животна средина.“ – изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
Веднаш по акцијата отпадот беше подигнат од екипа од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.