ЈП „Охридски Комуналец“ денеска активно се вклучи и успешно ја реализира националната акција за чистење „Македонија без отпад„ која ја спроведе Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Се расчистуваше патниот правец Охрид – Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље.
„Акцијата започна во 06.00 часот наутро и собрани беа 40 вреќи најразновиден комунален отпад (отпадоци од хартија, пластика и друг вид на амбалажа кој беше расфрлан во појасот покрај коловозната лента). Нашето претпријатие и во иднина ќе организира и ќе земе учество во вакви акции за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад, а со крајна цел почиста и поубава здрава околина за сите нас.“-велат од ЈП „Охридски Комуналец“.