Кривична пријава против две лица од Велгошти поради нелегална сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти.

На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба.

Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол црна боја без регистарски ознаки, а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт.

Пријавените претходно извршиле нелегална сеча на дрвната маса со намера противправно да ја присвојат, а потоа дрвата да ги продадат на договорени купувачи.

NelegalnaSecaVelgosti01