Утре, со почеток во 16 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на населените места Коњско и Рача.
Агендата на посетата е следна:
– 16 часот – с. Коњско
– 17 часот – с. Рача
Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.