Семафорот кај Рача често (се) збунува

Семафорот кај Рача често знае да се збуни, а ги збунува и пешаците и возачите. Станува збор за семафорот кој е наменет за пешаците. Наизменично се вклучуваат и исклучуваат и црвеното и зеленото светло, па сето тоа навечер изгледа како лајт-шоу. Погледнете… WebOhrid

повеќе...

Полуматурантите од ОУ„Григор Прличев“ прославуваа

Последниот училиштен ден, полуматурантите од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го прославија во весела атмосфера. Низ песни и игри го означија крајот на основното образование. Крај кој ја носи разделбата од своите наставници и соученици и предизвикува на моменти тага и желби за блескава животна иднина. На прославата беа прогласени најуспешните ученици: -Првенец на генерација: Ана Димоска; -Второ наградени: Искра Атанасова-Митуш и Сара Ристова; -Најдобара ученичка во ПУ-Рача: Елена Шаптеска.

повеќе...

Исчистено коритото на реката во Рача

Согласно програмата за чистење на реки и речни корита на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните работи на „Јавна хигиена”, ангажирани беа 3ца работници кои го исчистија коритото на реката во населбата Рача од најгорниот дел се до самото езеро. „Собрани беа 20тина вреќи на комунален отпад, пластични шишиња и зелен отпад, расфрлани во коритото од околните куќи.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Работник паднал од бандера во Рача и починал на пат кон болница

Вчера околу 12:30 часот во населбата Рача во Охрид, С.Р. (42) од с.Стрелци, кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале…

повеќе...

Велестовци ја продолжуваат традицијата за Водици

Традиционално, на вториот ден од празникот Водици (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), новите кумови во Велестово ја продолжуваат празничната традиција. Тие носат чајници со топла ракија и ги служат сите присутни во црквата Св. Богородица-Велестово. Новите кумови се Разме Толе Димоски, Кристијан Дулески, Ацо Божиноски, Злате Мишоски, Климе Ризманоски, Дане Климоски, Крсте Башоски и други кои годинава ја разубавија со топла ракија и оро на средселото во Велестово. „Годинава како нови кумови организиравме и музика на средселото пред цркавта за да продолжи забавата од Божик со Спасен Силјаноски која…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Асфалтиран патот Рача – Кромидишта

Патот кој ги поврзува двете населени места Рача и Кромидишта конечно се реализира. Со пригодна свеченост градоначалникот Никола Бакрачески го пушти во употреба овај пат кој е повеќе децениско барање на жителите од Рача. „Имаше дилеми и сомневања дека е невозможно да се реконструира патот и тешко е да се ангажира градежна механизација која ќе има пристап за работа. После три месеци подготвителни градежни работи ние денес успеавме да ја реализираме една од потешките задачи, од оние кои што ние ги имаме од програма во секторот за комунални дејности. Воедно…

повеќе...

Во тек е асфалтирањето на патот во месноста Кромидишта кај Рача

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска беше во неколкучасовна обиколка и увид на градежни активности на неколку локации во градов каде интензивно се работи. „Можам да го изразам своето задоволство од она што во моментов се работи. Се работи на многу места и во исто време се изведуваат голем број на проекти, нешто што навистина е нескромно да кажам дека е невидено во динамиката на развој на градот Охрид и според бројот на изведени проекти и активности коишто се одвиваат и според финансиската конструкција којашто е обезбедена за нив“. – оцени градоначалникот…

повеќе...

Исчезнатиот маж од Рача пронајден мртов кај Велестово

Во врска со настан „исчезнато лице“ опишан во билтен од 16/17.06.2016 година, на 21.06.2016 година во 12.30 часот на м.в.Селиште, атар на с.Велестово, од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид, пронајден бил машки леш, за кој по извршената идентификација од сопругата, констатирано е дека се работи за К. Ф. (64) од с.Рача, охридско. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција.

повеќе...