ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид се закити со бројни награди на одржаната 21-ва Комуналијада на јавни комунални претпријатија од Македонија, која се одржа изминатиот викенд во х.„Десарет„- Охрид.
„На овие традиционални игри учествуваа претставници од 17 комунални претпријатиа од Македонија, а нашето претпријатие пријави свои вработени да се натпреваруваат во следните дисциплини: мал фудбал, шах, пикадо, миење на јавни површини, изнесување на смет, аранжирање на цвеќе и др.“– велат од претпријатието.
Оттаму велат дека освоени се следните награди: 1-во место – мал фудбал, 2-ро место – изнесување на смет, 3-то место – миење на јавни површини, 3-то место – пикадо жени и 3-то место во аранжирање на цвеќе.