Учениците од прво до петто одделение од ОУ „Св.Климент Охридски`-Охрид, денес се дружеа со дел од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Командирот на единицата Спасе Прентоски, заедно со неговите соработници, ги запозна учениците со опасноста од пожари, начинот како да се однесуваат во такви околности, како и со опремата која се користи при гаснење на пожари.
На учениците им беше потенцирано дека треба да ги знаат важните телефонски броеви кои треба да ги побараат во случај на пожар или опасност од пожар.
Во непосредниот разговор учениците имаа можност да постават некои практични прашања на кои пожарникарите им одговорија и им понудија сами да ја разгледаат опремата и противпожарното возило.