Влегле Американец, Русин и Македонец во полициска станица за да бараат работа. Полицајците за да се уверат дека имаат храброст да убијат, им дале пиштол со ќорци и ги пуштиле дома.
Влегува Американецот кај жена му и се слуша бум, бум, бум, излегува тој и вели:
– Со овој пиштол не можев ништо да и направам, не и фали ни влакно!
Влегува Русинот кај жена му и се слуша бум, бум, бум, излегува и вели:
– Не можев ништо да и направам со овој пиштол, нема ни гребнатинка!
Влегува Македонецот кај жена му и се слуша бум, бум, бум, бам, бам, бам, излегува и вели:
– Мамето ваше цајканско, сте ми дале пиштол со ќорци, па морав да искршам стол за да ја докрајчам!!!