Екипите на „Јавна хигиена“ на терен – го подигнуваат паднатиот лист и се чисти кејот

За вработените од „Јавна Хигиена„ денешниов празничен ден започна работно од раните утрински часови. Синоќешното невреме проследено со силен ветер им донесе полни раце работа и тие се на терен расчистувајќи ги јавните површини од паднатиот лист, како и градскиот кеј од натрупаниот отпад.

„Паднатиот лист се подига од сите улици, независно од категоријата на улицата, во централното подрачје и периферните делови од градот. Се расчистуваат тротоарите, коловозите и другите јавни површини.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Силниот бран на кејот исфрли големи количини отпад кои во текот на денот се расчистуваат.

Fotor01023120733