99-то место за Македонија според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од +13 места и се наоѓа на 99-то место според најновата ФИФА рејтинг листа. За овој скок на нашата репрезентација заслужна е победата над Луксембург од 3:2 во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа водечката тројка Германија, Аргентина и Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Того, со скок од +73 места се најде на 52-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Азербејџан од -31 место и се најде на 126-то место.

WebOhrid