СВР Охрид со честитика по повод Денот на македонската револуционерна борба

По повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, од СВР Охрид, до сите граѓани упатуваат искрени честитки и желби за среќно и долговечно празнување.

„Како демократска и професионална институција во служба на граѓаните, оддавајќи им почит на македонските револуционери и на вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и ефикасно справување со безбедносните предизвици. Работиме неселективно, законски и етички, имплементирајќи ги современите европски стандарди на полициското работење и партнерски однос со граѓаните.

Посветени сме кон доследно почитување и унапредување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните, заеднички придонесувајќи во зацврстувањето на Република Македонија како демократска, правна, безбедна и модерна Европска земја.“– стои во честитката.