Денес дел од учениците и професорите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа дел од еколошка акција за чистење и уредување на училишните простории, училишниот двор и околината.
Училиштето со ваква Еко-акција уште еднаш покажа дека грижата за животната средина е важен дел од воспитно – образованиот процес.
Како што информираат од училиштето, покрај еко-активностите во дел од училниците поставени се шкафчиња.
А. Андриоски