Неформални работилици, практични вежби, кафе-муабети, спорт, вмрежување, планинарење и лекции во природа, беа само дел од активностите на агендата на StartQube. Сите овие и многу други, беа реалзирани под водство на присутните ментори, кои живееја заедно со учесниците на Велестово и имаа можност да разменат блиски контакти. Ексклузивно, на StartQube како онлајн ментор се појави и Мајк Бачер, уредник во TechCrunch и еден од 5-те највлијателни луѓе во технолошкиот и стартап светот во Европа. Мајк даде вредни совети за тоа како нашите стартапи да развијат новости кои можат да им гарантираат место во светските медиуми како што е TechCrunch.
„Добро е да се види иницијатива како StartQube во Македонија. Настаните и конференциите имаат способност да постават нови претприемачи од одредена земја на технолошката индустриска „мапа“, и да обезбедат можност за инвститорите и медиумите да се запознаат и да стапат во интеракција со компаниите на брз, ефикасен начин. Фактот дека настанот е поставен на таква убава локација многу помага! Се повеќе, европските претприемачи го користат летото за да учат и да се едуцираат, како и да се релаксираат. Па така, одлично е да се види StartQube како се вклучува кон пошироката европска технолошка заедница!“, изјави Мајк во врска со иницијативата на StartQube и влијанието што ваквите настани го имаат.