Укината забраната за движење на тешки товарни возила

Забраната за тешки моторни возила која беше воведена во 12:00 на патниот правец Гостивар – Стража и Гостивар – Маврово е укината. Сообраќајот е нормализиран за сите моторни возила.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

РАДОВИШ-КОНЧЕ: На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На овој патен правец има забрана за движење на тешки товарни возила.