Ноќта меѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се поместат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.