Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НВО Коалиција на Египќаните и Извиднички Одред Пионер Охрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НВО Коалиција на Египќаните и Извиднички Одред Пионер Охрид. Меморандумот за соработа, како што вели Демир Далип, овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка, е континуитет на стратешките насоки на НВО Коалицијата на Египќаните за интегрирано општество, притоа потенцирајки дека Извидништвото претставува добар модел за создавање на здрави личности, каде што, таргет група се децата и младинците.

Далип, рече дека очекува ова Соработка да биде подржана од страна на Локалната Самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, во насока на инбестирање на здраво општество.

Демир Демироски, национален координатор на НВО Коалицијата на Египќаните, истакна дека е задоволен што токму НВО Коалицијата на Египќаните, преку ваквите соработки, ги иницира младите Египќани да бидат дел на Извидничките одреди и патна етапна интеграција. И, Демироски,положува надежи на поддршка, во градоначалник на Охрид, Бакрачески.

Зоран Костоски од Извидничкиот Одред Пионер, инаку старешина на одредот истакна дека со ова соработка , се отвараат можностите сите да се чуствуваат како да се дел од едно семејство, да се создадат силни и здрави личности кои ќе бидат корисни за себе и околината, додека Елвис Тодороски, инаку началник на одредот, очекува на дело да се спроведат моделите и искрените намери на Извидничкиот одред и очекува многу деца и младинци да му се приклучат, без разлика на национална верска или било која друга припадност.

EgipkaniMemorandum02