СВР Охрид ќе одржи состанок за зимското одржување на патиштата

Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што на 29-ти овој месец во 11 часот ќе се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмоље.

Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.

На состанокот ќе бидат присутни претставници на јавните претпријатија, Локалната самоуправа како и претставници од повеќе релевантни институции задолжени за одржување на патиштата. Тие ќе извршат презентација на предвидените мерки и работни планови за работа во текот на зимската сезона.