Се разубавуваат јавните површини во населба Даљан

Јавното претпријатие Охридски Комуналец во текот на вчерашниот ден започна со оперативни активности за средување и хорти -културно уредување на кружниот тек, на улица Гоце Делчев во УЗ Воска- Даљан. Во текот на денешниот ден надлежните од ова јавно претпријатие ги чистат триаголници на кружниот тек,а во наредниот период ќе се изврши ново порабување на просторот со бетонски рабници по што истиот ќе биде соодветно хорти -култруно уреден.

Се очекува градежно- оперативните активности на овој потег од градот да завршат во најкус можен рок бидејќи како што најавуваат од Секторот за комунални дејности при општина Охрид оваа есен и зима јавните претпријатија ќе имаат многубројни активности и ќе работат со забрзано темпо и динамика по однапред утврден план и подготовка.

Daljan_sreduvanje_povrsini_4853

Оваа градежна активност е особено важна бидејќи со уредување на овој дел се менува лицето на градот пред гостите што го посетуваат.

Акцијата на ЈП Охридски Комуналец е дел од активностите за комунално уредување на Охрид што веќе извесен период со забрзана динамика ги реализираат јавните претпријатија.

Активностите се во склад со изборната програма на градоначалникот Никола Бакрачески за разубавување и хорти културно уредување на Општина Охрид.

Daljan_sreduvanje_povrsini_4851