Се уредува просторот кај спомен – обележјето на Коста Абраш

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ од денес започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.

Најпрво целиот потег околу спомен обележјето ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот ќе биде соодветно хорти културно уреден.

Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП „Охридски Комуналец“ произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто го посетуваат градот.

Надлежните од Секторот за комунален развој потенцираат дека ваквите нивни активности ќе продолжат и во наредниот период ,со несмален интензитет во насока на подобрување на состојбата со културно -историските споменици на целата територија на општина Охрид.