Торта за Општина Охрид од Женски Центар „Бисера“

Женскиот Центар „Бисера“, денес по традиција ја почести општинската администрација со вкусна торта која беше претставена на неодамна одржаната манифестација „Тортијада“ во Охрид.

Претставничките од „Бисера“ ги прими претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњаноска која посака успешни наредни „Тортијади“ во градов и вети дека Општината во рамки на своите можности ќе ги подржува случувањата од ова здружение со кои Охрид успешно е претставен и надвор од границите на Македонија.

Torta_Bisera_4853