Активностите во рамките на кампањата за Денот и Неделата на борба против гладта кои во организација на Црвен крст Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври, финализираат деновиве со распределба на хуманитарните пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, на ранливата категорија на граѓани со низок социјално-економски статус.
„Кампањата ја оценуваме како успешна и им се заблагодаруваме на сите поединци, компании, здруженија, фирми и институции кои со својот допринос во оваа хуманитарна акција, помогнаа на преку 200 социјално најзагрозени семејства од Охрид и Дебарца.
Наш партнер и подржувач на кампањата за денот на гладта и оваа година беше Општина Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески, кој денес, во 13 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид, ќе подели хуманитарни пакети на 50 социјално загрозени семејства од Охрид.“- информираат од Црвениот Крст.