Утре ќе се подига кабаст отпад од УЗ 11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 1-ви октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 „Видобишта„.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.