Трпе од Трпејца си фаќал риби, пастрмки. Кога одеднаш полиција со глисерот…
Полицаецот: Господине, риболовот е забранет. Ќе мора да те казнам за рибите.
Трпе: Ова се мои риби!
Полицаецот: Како?
Трпе: Па така, ова се мои риби. Јас ги носам секое утро овде, ги пуштам малку да попливаат во езерово, па ги викам, а тие убаво си се враќаат назад во кајчево, си ги носам дома… Сакате да ви покажам?
Полицаецот: Ајде!
Трпе ги пуштил сите риби во езеро, по една минута…
Полицаецот: Ајде сега!
Трпе: Што сега?
Полицаецот: Па викни ги!
Трпе: Кого?
Полицаецот: Па рибите!
Трпе: Кои риби!?!