Стружанка била грабната и ограбена

Вчера во 13,00 часот во Полициската Станица – Струга, адвокат од Струга пријавил дека истиот ден во времето од 09,00 до 09,20 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“, извршено е грабнување на С.К.(1972) од Струга.

Имено, откако таа излегла од „Тутунска банка“ и се движела кон пекарата „Алмико“, била пресретната од женско лице кое преку устата и носот и ставила некоја течност, по што влегле во ПМВ непозната марка и рег.таблици, кое го управувало женско лице на возраст од околу 50 години. Во возилото преку лицето и била ставена марама. По околу 20-тина минути возење ја внеле во просторија, но претходно женските лица и ја одзеле чантата во која имала околу 1000 до 2000 евра. Околу 13,00 часот оштетената била пронајдена на клупа на плажа.

ПС-Струга презема мерки за расчистување на случајот.