Донесени 32 решенија против исто толку полициски службеници

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 32 решенија против 32 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2,3,4, 5.7,9 и 12, и член 207 став 1 точки 1, 2, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на дваесет и еден вработен им е изречена мерка “парична казна“, на еден вработен мерка – “распоредување два степена пониско “, на четири вработени мерка – “отказ”, на пет вработени мерка- “писмено предупредување” ина еден вработен мерка – “запирање на постапка”, а се работи за:

И.Е. полицаец во ПСОН-Гевгелијаизречена му е мерка “парична казна” (Бил затекнат како во униформа седи во угостителски објект)

Б.П. полицаец за БПС во ПС за БПС Струмицаизречена му е мерка “парична казна” (неизвршување односно несовесно извршување на работните обврски во однос на оперативната активност).

П.И.полицаец за БПС во ПО за БПС Гостиваризречена му е мерка “парична казна” (го напуштил местото предвидено за служба согласно Наредбата за служба).

Е.И. полицаец за БПС во ПО за БПС Гостиваризречена му е мерка “парична казна” (го напуштил местото предвидено за служба согласно Наредбата за служба).

Ј.С. виш инспектор во Отсек за Финансиски криминал и акцизна стокаизречена му е мерка “парична казна” (постапувал со задоцнување или пак воопшто не постапувал по задолжените предмети).

М.М. полицаец во ПС за ГН Чашкаизречена му е мерка “парична казна” (дрско се однесувал кон претпоставениот старешина).

С.Б.полицаец во ПС за ГН Блацеизречена му е мерка “парична казна” (навремено не доставувал рекапитулации и уплатници за уплатени парични средства за плативи обрасци).

Г.П. полицаец за патрола и интервенција во ПС ОН Штипизречена му е мерка “парична казна” (не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство).

Б.А.полицаец во ПС ОН Гази Бабаизречена му е мерка “парична казна” (спиел на работно место).

Н.Д.полицаец во ПС ОН Гази Баба изречена му е мерка “парична казна” (спиел на работно место).

Г.А. водич на безбедносен реон во ПС ОН Радовишизречена му е мерка “парична казна” (не изготвил службени поднесоци и не ги евидентирал во книгата за евиденција на повикани лица).

Н.П.полицаец за БПС во ПО за БПС Кумановоизречена му е мерка “парична казна” (дал поинаков исказ од исказот кој го дал и своерачно го потпишал пред претставниците на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди).

Д.А. полицаец за патрола и интервенција во ПС ОН Беровоизречена му е мерка “парична казна” (за прекинот на старото и почетокот на новото боледување не го известил раководителот на организационата единица).

А.С. водич на безбедносен реон во ПС од ОН Неготиноизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

Т.Ј.полициски службеник за прифат-сменоводител во ПС од ОН Неготиноизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

А.А. полицаец во ПС од ОН Неготиноизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

Н.А. полицаец во ПК-Демир Капија во ПС од ОН Неготиноизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

З.Ѓ. полицаец во ПК-Демир Капија во ПС од ОН Неготиноизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

М.М. самостоен инспектор за НТ со дрога и оружје во НК за КР Радовишизречена му е мерка “распоредување два степена пониско” (во четири наврати патувал во странство, без притоа да поднесе барање за патување во странство).

Д.А. полицаец во ПС ОН Штипизречена му е мерка “писмено предупредување” (немал побарано налог за користење на службено возило и не го запознал непосредниот старешнина за истото).

Љ.С. дежурен полицаец во ПО Теарцеизречена му е мерка “запирање на постапка” (неутврдена одговорност).

М.Д. полицаец во ПС ОН Охридизречена му е мерка “отказ” (неоправдано изостанал 3 последователни работни дена).

М.Т. полицаец за БПС во ПС за БПС Велес изречена и е мерка “писмено предупредување”(не го одржувала службеното оружје)

В.Е. полицаец во ПО за обезбедување на возовиизречена му е мерка “отказ” (неоправдано изостанал три последователни работни дена и своето отсуство не го оправдал).

Д.В. полицаец во ЕБРизречена му е мерка “отказ” (неоправдано изостанал три последователни работни дена).

С.Д. водич на увидна екипа изречена и е мерка “отказ”(присилила лица да дадат лажна изјава)

Б.М.полицаец во ПС ОН Велесизречена му е мерка “писмено предупредување” (заспал на работното место).

Ф.Б. главен полицаец во ЕБРизречена му е мерка “писмено предупредување” (не евидентирал припадници кои влегле во базата на ЕБР).

А.С. полицаец во ПС ОН Велесизречена му е мерка “писмено предупредување” (се оддалечил од работното место).

К.Ѓ. полицаец во ПС ОН Кавадарциизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

М.З. помошник дежурен во ПС ПН Кавадарциизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).

Д.С. полицаец во ПС ОН Кавадарциизречена му е мерка “парична казна” (не го одржувал чисто и подмачкано своето формациско оружје).