Изминатата недела санкционирани 1054 учесници во сообраќајот

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1054 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Притоа, кај 31 возач е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 82 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале – 55 возачи, кај 30 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, додека 48 возачи управувале возила со над дозволената брзина, а 21 возач управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Покрај ова, изречени се 82 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 45 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 26 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 367 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 11 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 74 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се четири прекршоци, а кај пет возила е утврдена техничка неисправност. Со пајак возило подигнати се вкупно 329 возила.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.