По повод големиот верски празник Св. Великомаченик Димитриј – Митровден, Црковниот одбор од црквата „Св.Димитрија“ ги поканува сите граѓани на заедничко чествување на осми ноември (сабота) кај црквата Св.Димитрија на градскиот плоштад во Охрид.
Во чест на празникот, по десетти пат, од Црковниот одбор од Св. Димитрија за верниците ќе биде приготвен традиционален црковен ручек – црковно гравче.
Чествувањето ќе биде збогатено со богата културно-уметничка програма.