Од ноќеска на полноќ поевтинуваат нафтените деривати, со што малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар, а дизелот се намалува за половина денар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 73,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 денари за литар.
Дизелот ќе се точи за 62,5 денари по литар. Новата цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува за половина денар и ќе изнесува 51,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и ќе се продава за 34,835 денари за килограм.