Започнува проектот „Стоп за пороците“

Со предавања во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани, утре започнува реализацијата на проектот „Стоп за пороците“ што втора година по ред го спроведува Општина Охрид, како дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески.

Целта на проектот и предавањата со кои годинава се опфатени ученици од шесто до деветто одделение од охридските основни училишта, е превенција од употреба на наркотични средства во насока на заштита на младите од пороците и обезбедување на поквалитетен начин на живот.

Со проектот „Стоп за пороците“, минатата година беа опфатени средните училишта во општина Охрид, при што предавањата се однесуваа на професорите кои потоа своите знаења за дрогата и препознавање на уживателите на дрога ги пренесуваа на учениците.
Проектот ќе се реализира во соработка со Секторот за превенција при СВР Охрид.