Се чисти кејот во близина на Холандскиот парк

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“  денеска извршија чистење на градскиот кеј во близина на Холандскиот Парк. Овие активности се спроведоа по налог на општинскиот инспекторат согласно годишната програма за работа за 2014 година, во делот на вонредни активности за одржување на јавна чистота.

„Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација, при што се подигнати и транспортирани околу 30 м3 отпад.“– велат од претпријатието.