Се расчистува патот Орман – Лакочереј

По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на локалниот пат што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во должина од 1 200 метри и за неговото чистење покрај оперативните екипи на ЈП „Охридски комуналец“ ќе се користи и полесна механизација.

Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на акцијата за расчистување на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.

Од Секторот за комунален развој при општина Охрид најавуваат чистење на речиси сите локални патишта, со цел побезбедно дочекување на зимската сезона.

rascisten_pat_lakocerej_4001