Во Бугарија се одржува регионална конференција на УНЕСКО – Заштита на природното наследство

Во Софија, Бугарија, од денес до 6-ти ноември, се одржува Регионална конфернеција на УНЕСКО со тема – Заштита на природното наследство: „Менаџирање со ризици од катастрофи и планирање на одржлив туризам“.

На конференцијата учествуваат преставници на државите кои имаат УНЕСКО заштитени подрачја и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија, Турција и Македонија.

Од македонска страна на конференцијата учествуваат фокал поинтите за културно и природно наследство Зоран Павлов и Дејан Пановски.

BugarijaKonferencijaUNESKO03

„Охридскиот регион е мошне сензитивен и потребно е да се согледаат сите можни ризици врз културното и природното наследство и врз основа на постојните вредности да се изгради нова стратегија за одржлив туризам. Светските вредности на регионот се подлога за економијата, а нивната заштита е влог во иднината. Затоа мора да се предвиди секое можно сценарио за да се обезбеди и заштитата но и основите за одржливиот развој“,- вели Дејан Пановски, Македонски преставник од Билатеријалниот секретеријат за сливот на Охридското езеро.

На конференцијата ќе се разгледаат сценаријата на можните ризици 0д катастрофи во заштитените подрачја, причини ,ефекти и итните реагирања и планови за обновување. Исто така ќе се идентификуваат стратешките прешања во поглед на планирање на одржлив туризам во заштитените подрачја.

BugarijaKonferencijaUNESKO01