Одржан петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов, на стрелиштето во поранешната касарна во Битола, се одржа петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Еве ги и резултатите:

Во сениорска категорија-пушка, Михаил Шишкоски ја потврди првата позиција во Куповите со резултат од 601,7 кругови. Горан Здравески со 564,3 кругови се пласира на петта позиција.

Во конкуренција на јуниорки- пушка, Ангела Алексовска со резултат од 384,8 се пласира на втората позиција, додека пак Јана Маркоска со резултат од 382,2 кругови заврши како третопласирана.

И кај јуниорите Мартин Гоџоски со резултат од 563,4 кругови го зазеде второто место, додека пак Васко Попоски се пласира на третата позиција со резултат од 557,7 кругови. Од оправдани причини дел од нашите стрелци не зедоа учество на овај Куп.

За две недели охридските стрелци треба да настапат на Турир во Благоевград, на Покана на стрелачкиот клуб „Пирин“ од Благоевград.