Градоначалникот Бакрачески оствари средби со жителите на Долно и Горно Лакочереј

Во рамки на агендата за посета на месните и урбаните заедници, градоначалникот Бакрачески синоќа оствари средби со жителите на Горно и Долно Лакочереј. На средбите покрај соработниците на градоначалникот беа присутни и претставници од јавните претпријатија.

Ваквите средби се организираат со цел, запознавање на градоначалникот со секојдневните проблеми кои ги имаат жителите и заеднички изнаоѓање на решенија за истите. За голем дел од проблемите кои ги имаат жителите се пронајдени решенија токму преку ваквите средби. Покрај решавањето на проблемите од ваквите средби произлегуваат и голем број на идеи кои понатака како проекти се реализирани.

Ваквиот начин на работа стана практика на Локалната власт, а кој граѓаните го прифаќаат со задоволство.