ЈП „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид деновиве активно работи на повеќе локации низ градот.
Една од оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“ денес работеше на санирање на металните столпчиња на улицата „7-ми Ноември“.
Со цел поголема безбедност на пешаците и правилно сообраќање на возилата на оваа улица ќе бидат поставени и бетонски топки.
Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Нискоградба“ заврши со поставување на бехатон плочките на дел од тротоарот на пресекот на улиците „Мите Богоески“ и „Даме Груев“, со што се заокружи проектот за реконструкција на оваа улица.
Деновиве се очекува да биде поставена и нова заштитна ограда на кружниот тек кај ЈП „Билјанини извори“. Како што е веќе познато, оградата на кружниот тек беше уништена по што екипи на ЈП „Нискоградба“ ја отстранија и веќе во следните денови се очекува да биде поставена нова заштитна ограда на овој потег, со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.